Кетрин Омани (51): Принцот Хари ми го даде најстрастниот бакнеж кој некогаш сум го добила

Фото: Инстаграм/Кетрин Омани/EPA

Британскиот принц Хари беше познат по својот разуздан начин на живот во своите дваесетти години. Покрај „лудите“ забави во ноќните клубови, тој честопати беше забележуван и во друштво на убави и згодни девојки.

Денес, принцот Хари е сериозен бизнисмен од Калифорнија, сопруг и татко на добро ситуирано семејство, кој игра поло во слободното време.

И додека сите нетрпеливо ги очекуваат неговите мемоари, кои ќе бидат објавени на 10 јануари наредната година, и се надеваат дека ќе прочитаат некои „сочни“ тајни од Виндзорскиот замок, се појави интересен напис во британскиот таблоиден весник „Сан“.

Принцот Хари / Фото: EPA/CHRIS HONDROS/POOL

Имено, 51-годишната ѕвезда од реалното шоу „Real Housewives of DC“, Кетрин Омани раскажа дека таа и принцот имале кратка љубовна афера кога таа имала 34 години, а Хари 21 година.

Кетрин споделила речиси сѐ за краткотрајната романса со принцот Хари – од пијалаците во барот „Арт“ и ноќниот клуб „Еклипс“, па сѐ до дружбата во домот на неговиот пријател, каде двајцата долго време разговарале и се забавувале.

„Се качивме горе во бањата и почнавме да брбориме како тинејџери, да пееме со четкичките за заби како да се микрофони. Влеговме во кадата облечени и еден од нашите пријатели нѐ фотографираше на мојот телефон. Потоа, Хари и јас влеговме во кујната и тој ми направи одличен сендвич со сланина“, изјавила таа за „Сан“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Ommanney (@catommanney)

„Кога му кажав дека треба да си одам дома, тој ме крена во раце, ме потпре на ѕид и ми го даде најубавиот, страстен бакнеж што некогаш сум го добила. Апсолутно останав без зборови“, раскажала таа.

Потоа, Хари инсистирал да ја одведе дома, каде што ја чекале нејзините ќерки Руби и Џејд, кои биле на возраст од шест и седум години во тоа време.

Тие продолжиле да си разменуваат пораки и отишле на уште неколку состаноци.

„Се бакнавме уште еднаш и Хари беше прекрасен, ми кажа дека сум убава. Се сретнавме уште неколку пати, секогаш во барови“, раскажала Кетрин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Ommanney (@catommanney)

Но, и покрај страсните бакнежи и комплиментите, нивната врска завршила нагло и бесмислено. Кетрин раскажала дека Хари го сменил телефонскиот број по некое време и така завршило сѐ.

Згодната русокоса изјавила дека се сомнева дека ќе се најде во мемоарите на принцот Хари.

„Се сомневам дека тој ќе пишува за мене во својата книга, затоа што тој не можеше ниту да си замине мирно со 34-годишната мајка на две деца, врската беше целосно неприфатлива“, рекла таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Ommanney (@catommanney)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот