Јанушев пречекан со транспарент: НЕ за насилството врз жените! Не за Игор Јанушев!

Делчевчани со јасна и гласна порака не за насилтво врз жените до носителот на листата во ИЕ 3, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Носителот ИЕ 3 и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев денес беше пречекан во Делчево со транспарент на кој беше напишано „НЕ за насилството врз жените! Не за Игор Јанушев!“

Ова уследи како реакција на аудио снимка која излезе утринава на Јутуб, од разговор меѓу Јанушев и Миле Јанакиески, каде зборејќи за сопартијка по име Даниела, Јанушев вели „Шефе од таа му е преку к** више, ако ја видам… ќе ѝ дадам еден бокс у фаца.“

Нови аудио „бомби“: Јанушев во разговор со Јанакиески се заканува со физички напади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот