Јанша по налог на судот ќе мора да и се извини на опозициската СД

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша / Фото: МИА

Премиерот на Словенија, Јанез Јанша согласно првостепена пресуда мора да се извини на Социјалдемократите (СД) и да плати отштета од 10.000 евра поради неговата изјава дека седиштето на СД е во „украдена еврејска вила”.

Според пресудата Јанша мора на Твитер да и се извини на опозициската партија и да наведе дека седиштето на СД не е уракдено туку законски стекнат имот.

Јанша има право на жалба на пресудата.

СД наведе дека отштетата од Јанша ќе ја донираат за хуманитарни цели.

Седиштето на СД се наоѓа во Љубљана во куќа која пред Втората светска војна била во сопственост на еврејското семејство Москович, а поголемиот број членови во 1944 година одведени се во Аушвиц, каде се убиени. По војната куќата е одземена, а подоцна им е доделена на наследниците, кои ја продале.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот