Јанша „молчи“ за нон-пејперот за Западен Балкан

Словенечки премиер Јанез Јанша/Фото: EPA-EFE/ANTONIO BAT

Кабинетот на премиерот на Словенија нема да ја коментира темата за таканаречениот нон-пејпер за Западен Балкан, е одговорот што денеска го доби Радио Слободна Европа на барањето за интервју со словенечкиот премиер Јанез Јанша, по повод наводниот документ што го проследил до Европскиот совет.

На помалку од три месеци пред почетокот на словенечкото ротирачко шестмесечно претседателство со Европската унија, во медиумите се појавија тврдења за наводен предлог на Јанша за прекројување на границите на Западен Балкан, како начин да се реши хроничниот проблем меѓу шест земји во регионот.

ЕУ нити го потврдува, нити демантира или коментира наводниот нон-пејпер на Јанша

Со исклучок на Хрватска, која е членка на ЕУ, другите пет земји во своите приоритетни цели го имаат приклучувањето кон Унијата.

Словенечкиот портал „Нецензурирано” денеска објави наводна копија на контроверзниот документ.

ФОТО: Објавен „нон-пејперот“ со предлогот на Јанша за територијална поделба на земјите од поранешна Југославија

Според објавената содржина, се зборува за прекројување на границата меѓу Србија и Косово, а предвидена е и можност за отцепување на ентитетот Република Српска од БиХ, припојување на делови од Црна Гора и Северна Македонија со албанското мнозинско население кон Албанија и припојување на делови од западна Херцеговина кон Хрватска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот