Јанакиески и Димовски го одложија „Топлик“
Екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Димитар Димовски обвинети во случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) под името „Топлик“ од страна на полицијата не беа спроведени во суд.
Судијата Осман Шабани кој го води овој предмет рече дека иако имало уредно писмено барање до истражниот затвор „Скопје“ двајцата да бидат стражарно спроведени, не добил повратен одговор зошто тоа не е сторено.
Во „Топлик“ обвинети се Миле Јанакиески и уште 5 вработени во Министерството за транспорт на кој им се суди за злоупотреба на службената положба и овластувањата.
Јанакиески, според обвинението на СЈО, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа. Штетата што ја направиле на државата е 65 милиони денари или милион евра.