Јакимовски приведен за семејно насилство, потврди ОЈО

Лицето Емил Јакимовски е приведено во полициска станица по претходна пријава за семејно насилство и ќе биде задржан за понатамошна постапка во координација со ОЈО Скопје, потврдија од Обвинителството за „Слободен печат“.

Јакимовски во средата беше повикан на распит во полиција поради заканите, а покрај новинарките тој им се заканувал на директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, на вработени во институцијата и на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Заканите кон неговите колеги биле веќе претходно пријавени во полиција.

Директорката на Централниот регистар минатиот викенд му даде и отказ поради нарушување на угледот на институцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот