Израелскиот амбасадор во Албанија: За неколку недели ќе го признаеме Косово

Израелскиот амбасадор во Албанија, Ноа Гал Гендлер изјави дека неговата земја ќе го признае Косово за неколку недели, пренесува „Зери“.

– Почнаа преговори меѓу Израел и Косово, но, исто така, и меѓу Израел и Србија. Ќе бидат потребни уште неколку недели за да се постигне договор и ќе следи отворање на амбасадата на Косово и на Србија во Ерусалим, рече Гендлер во ТВ-емисијата Скен, пренесува приштинскиот портал „Зери“.

Прашан зошто е толку важно Израел да го признае Косово, тој рече: тоа е прашање што бара одговор од народот на Косово, но ние имаме симпатии кон албанскиот народ.

– Ние мора да дадеме се од себе за да му помогнеме на вашиот народ. Го сторивме тоа без признавање во минатото, но со признавање ќе биде полесно, рече Гендлер, додавајќи дека можат да се изградат мостови во економијата, образованието, културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот