Израелците уништиле тунел на Хамас под болницата во Газа пред да стапи на сила примирјето

Газа / Фото EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Пред да стапи на сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа утринава, израелската армија го уништи тунелот на палестинската исламска организација што го откри под болницата Ал-Шифа во градот Газа и го заврши распоредувањето на линиите за прекин на огнот.

ИДФ (Израелските одбранбени сили) соопштија дека до седум часот утринава, кога започна примирјето, напаѓале цели на Хамас низ појасот Газа и инфраструктурата на таа организација, која Израел, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка, и дека се судриле со оперативци.

Израелската армија фрли летоци со кои ги предупредува жителите на северот на Газа да не се враќаат во областа бидејќи таа и понатаму е воена зона и покрај прекинот на огнот.

Палестинските власти ги повикаа раселените Палестинци да се вратат, јавуваат израелските медиуми.

Воениот портпарол Авихај Адраи објави изјава на арапски дека војната не е завршена.

Според ОН, израелското бомбардирање ја уништи палестинската територија и предизвика хуманитарна криза.

Околу 1,7 милиони од вкупното население на Газа од 2,4 милиони се раселени, а хуманитарната помош е оскудна.

Врз основа на договорот за прекин на огнот, ќе биде дозволен влез на поголем број хуманитарни конвои, вклучително и гориво, соопшти Катар, кој посредуваше во договорот.

Агенциите за помош, меѓутоа, оценуваат дека тоа не е доволно и повикуваат на вистински прекин на огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот