Изложба под отворено небо од Град Скопје

На 24.04.2019 под иницијатива на Град Скопје ќе биде започната изложба под отворено небо.

Основна замисла на изложбата на отворено е да се презентира иницијативата на Град Скопје за подигање на квалитетот на урбаното планирање на локации на отворено и збогатување на содржините со проекти од областа на културата.

На изложбата ќе учествуваат уметниците: Андреј Митевски, Александар Наумоски, Лирим Хоџа, Горан Костовски, Љубиша Камењаров, Игор Сековски, Гоце Наневски, .Шќипе Мехмети, Ладислав Цветковски, Славица Јанешлиева- Бачварска, Марија Рашковиќ, Александар Рашковиќ, Роберт Јанкулоски и Ѓорѓе Јовановиќ.

Со овој проект ќе се овозможи уметниците почесто да ги промовираат своите активности преку користење на јавните простори за презентирање на своите содржини .

Намерата на изложбите на дела под отворено небо, посветена на уметниците кои творат во градот Скопје, има за цел да ги промовира авторите коишто живеат и творат во овој град и кои остваруваат голем придонес во областа на уметноста и културата преку нивните дела.

Настанот ќе се одржи во организација на Град Скопје, а во соработка и логистичка поддршка на Установа Центар за современи уметности Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот