„Изи џет“ и „Рајанер“ се враќаат во Италија

Фото Архива на СП

Според најавите земјата ќе ги отвори границите на 3, јуни за државите од ЕУ и Шенген зоната.

Нискобуџетните авио – компании „Изи џет“ и „Рајанер“ соопштија дека постепено ќе почнат со обновување на сообраќајот во Италија.

Според најавите земјата ќе ги отвори границите на 3, јуни за државите од ЕУ и Шенген зоната.

Компанијата „Изи џет“ соопшти дека од 15. јуни ќе продолжи со работа во Италија, на почетокот ќе бидат воведени летови во внатрешниот сообраќај кој ќе го поврзува аеродромот во Милано со аеродромите во Малпенс и Палермо, Катања, Бар, Неапол и други, а најавена е и авионска линија која ќе ги поврзува со Женева.

Како што е најавено „Изи џет“ постепено ќе го зголемува бројот на линии во Италија согласно со попуштањето на мерките и побарувачката на клиентите.

Од компанијата додаваат дека сите авиони ќе бидат опремени со медицинска опрема за итни случаи, заштитни маски, ракавици, дредства за дезинфекција на раце достапни за патниците и членовите на екипажот.

Истовремено „Рајанер“ соопшти дека е забележано „значително зголемување“ на резервациите на летови од Велика Британија за Италија, Шпанија и Португалија за месец јули.

„Рајанер“ ќе ги обнови линиите во Италија од 1. јули, а најголем број летови ќе бидат со почетна станица од Милано Бергамо за Варшава, Берлин, Ибица, Лондон, Манчестер, Прага, Луксембург, Задар, Будимпешта, Мадрид и други градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот