Изгледот на вашето тело зависи од месецот на раѓање: Тајната за виткост е едноставна!

Profimedia

Нумерологијата и во изгледот на телото вмешала прсти.

Кој би помислил дека по датумот на раѓање ќе може да се предвиди формата на телесна фигура, односно како ќе изгледа личноста. Во тоа ни помага нумерологијата. Потребно да се соберат датумот, месецот и годината на раѓање, додека не се добие едноцифрен број.

На пример, датум 12.05.1990. Се пресметува на овој начин:

1+2+0+5+1+9+9+0=27=2+7=9

(Бројот 9 за оваа личност ја одредува формата на фигурата)

Пробајте и вие да го најдете нумеролошкиот код на својот датум на раѓање и погледнете што тој вели за вас.

Број 1
Таквите личности најчесто водат брз начин на живот и ретко се склони на дебелеење. Динамичноста им гарантира витка и затегната фигура.

Број 2

Личностите од овој тип имаат тенденција кон дебелеење, често прибегнуваат кон диети. Но, не знаат сите дека на нив им е строго забрането изложување на изгладнување. Наместо тоа, треба да и дадат предност на храната од билно потекло и физичките активности.

Број 3

Овие луѓе имаат склоност кон непотребна загриженост. Сите знаат дека штом имаш тежина на душата и на телото му е тешко. Обидете се да се ослободите од прекумерниот товар од негативните емоции и ќе игледате се подобро и подобро.

Број 4

На личностите од овој тип им се препорачува да се занимаваат со омилените активности. Отсуството на работна сатисфакција може да предизвика силно чувство на глад. Како резултат, телото почнува да создава резерви на преголема количина на масти.

Број 5

Типот на фигури кај овие личности зависи од нивната животна позиција. Оптимистите ќе имаат витка линија. Живејте живот со полни гради и вашето тело нема да создава непотребни прекумерни килограми!

Број 6

Луѓето од овој тип често имаат пропорционална фигура. За да можете да ги сочувате убавите облини доволно е само да се храните рационално.

Број 7

На овие личности многу им е важно да одржуваат добри односи со партнерот. Често, поради проблеми во врската (бракот), можат да почнат проблеми со прекумерна тежина.

Број 8

Ваквите личности е многу важно да научат да простуваат. Преголемата лутина може да одекне со акумулација на премногу килограми.

Број 9

Овој тип на луѓе е многу склон кон дебелеење, а елиминирањето на вишокот килограми нема да биде лесно. Многу е важно да не се дозволи на своето тело да складира масти: одлична варијанта, во овој случај, ќе биде исхрана заснована на кисело овошје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот