Ивановски со злато на Европското првенство за мали земји во атлетика

Фото: Атлетска федерација на Македонија/facebook

Нов одличен резултат за македонските атлетичари на меѓународната сцена, Дарио Ивановски го освои првото место во Сан Марино.

Нашиот натпреварувач на Европското првенство за мали земји дојде до златниот медал во дисциплината 3000 метри резултат 08:09,87 минути.

Воедно Ивановски го поправи својот државен рекорд на 3000м на отворено. Претходниот беше поставен на Балканијадата во Стара Загора во јули 2017 година и гласеше 08:17.65 мин.

Од останатите атлетичари предводени од тренерот Марија Стојановска, со два бронзени медали се закити Јован Стојоски на 100 метри со време 10:76 секунди и на 400 метри со време 47:44 секунди. Адријана Поп Арсова во дисциплината 3000 метри ја освои шестата позиција.

На ова ЕП покрај Македонија и домаќинот Сан Марино, имаше учесници и од Албанија, Андора, Ерменија, Кипар, Грузија, Гибралтар, Косово, Лихтенштајн, Луксембург, Молдавија, Малта, Монако и Црна Гора.

Државен рекорд на Дрита Ислами на 400 метри со пречки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот