Иванка Трамп се пофали дека татко и е „претседател на мирот“

Ќерката на претседателот на САД, Доналд Трамп, Иванка Трамп денес се наврати на договорот меѓу Косово и Србија потпишан во Белата Куќа, на 4 септември оваа година.

Таа на својот профил на Твитер, го поздрави денешниот мировен договор меѓу Израел и Мароко. Иванка објави список во кој се споменуваат договорите постигнати со посредништво на САД.

Во пораката Иванка го опиша својот татко Доналд Трамп како претседател на мирот.

„Претседателот Доналд Трамп е претседател на мирот. Мировен договор меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати, договор меѓу Израел и Бахреин, договор за економска нормализација меѓу Косово и Србија, мировен договор меѓу Израел и Судан и денес оној меѓу Израел и Мароко“, напиша Иванка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот