Иванка Трамп направи „мала“ грешка кога му ја честиташе новата функција на Борис Џонсон

Фото: Принтксрин

Ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, денеска на Твитер направи „мала“ грешка при честитката упатена до новиот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон.

Иванка Трамп на Твитер напиша дека Борис Џонсон станал нов премиер на државата „United Kingston“, наместо „United Kingdom“.

„Ви честитам Борис Џонсон, што станавте нов премиер на „United Kingston“, напишала Иванка Трамп која работи како советничка на својот татко.

Иако таа потоа го избриша својот твит, па повторно испрати честитка поправајќи си ја својата грешка, сепак корисниците на Твитер ја „уловија“, па сега Иванка Трамп е предмет на потсмев ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот