Иванишевиќ: Враќањето на Надал е најдобрата вест во тенисот

EPA-EFE/MATT TURNER

Тренерот на Новак Ѓоковиќ смета дека најавеното враќање на Шпанецот на турнирите идната година може да значи обновено ривалство со неговиот пулен

Рафаел Надал е надвор од терените речиси цела 2023 година, но тренерот на Новак Ѓоковиќ верува дека Шпанецот сепак ќе биде опасен во неговиот планиран кам-бек следната година.

Имено, Надал неодамна објави вест за неговото планирано враќање на турнирите откако беше подложен на артроскопска операција во јули.

– Тоа е најдобрата вест за светскиот тенис во моментов, ако се врати. Сепак треба да чекаме Надал да го потврди тоа. Само тогаш можеме да бидеме сигурни за враќање и барем уште една година, продолжување на големото ривалство со Новак – вели Иванишевиќ.

Надал доби повреда која го оддалечи од терените од јануари. Поради тоа 22-кратниот грен-слем шампион падна надвор од најдобрите 200 во светот и беше принуден да го пропушти Ролан Гарос првпат од 2004 година.

EPA-EFE/JAMES ROSS

Во меѓувреме Новак Ѓоковиќ ги освои Австралија опен, Ролан Гарос и САД Опен оваа година.

– Убеден сум дека Надал ќе биде опасен на Ролан Гарос. Всушност, тој ќе биде најопасен затоа што никој не бил толку доминантен како него на Ролан Гарос, а можно е во годината на Олимписките игри да се стреми кон двојната круна во Париз – смета Хрватот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот