ИТАЛИЈА ВОВЕДУВА ДАНОК НА ИНТЕРНЕТ ТРАНСАКЦИИТЕ: Очекува годишни приходи од 600 милиони евра

Италија до 2020. година ќе воведе планиран три-процентен данок на одредени онлајн трансакции на големите дигитални компании, изјави министерот за економија Роберто Гвалтиери.

Италија и другите членки на Европската унија веќе долго време ги критикуваат „Фејсбук“, „Гугл“ и другите интернет гиганти за остварување огромни профити во нивните земји, но плаќаат даноци до неколку милиони евра, пренесува „Ројтерс“.

Дигиталните компании префрлаат профит на дестинации со ниски или нула даноци, како што е Ирска, со меѓународни договори што ги штитат од плаќање данок во земјите каде што заработуваат, но немаат „постојан естаблишмент“.

– Добивката мора да се оданочува таму каде што се остварува – рече Гвалтиери на расправата во италијанскиот парламент.

Во Рим, во вторник, тој ќе претстави продукциско партнерство со најголемиот италијански трговски радиодифузер „Медијасет“, извршниот директор и основач на „Нетфликс“, Рид Хастингс, кој рече дека американскиот сервис за видео стриминг планира да отвори канцеларии во Италија и да плаќа даноци во таа земја.

Прочитајте и...  Ахмети: Време е за прв албански премиер во земјава

Новиот италијански данок ќе се однесува само на компании со годишен приход од најмалку 750 милиони евра и вредност на дигитални услуги поголема од 5,5 милиони евра.

Според првичниот план, данокот требаше да биде воведен на почетокот од оваа година, но крајниот рок беше префрлен за следната година. Овој данок ќе биде воведен со владина регулатива.

Италијанското Министерство за финансии процени дека новите приходи од данок ќе бидат 600 милиони евра годишно. Гвалтиери исто така рече дека Италија штотуку побарала од Европската комисија да претстави предлог за минимална даночна стапка за компаниите ширум Европа.

Прочитај повеќе

Просковска, гласот на лицата со физичка попреченост: Ако Швеѓанец во количка го преселиш кај нас, би потонал во немоќта!

Јасмина Кантарџиева Димков

Куомо: Полицијата во Њујорк не ја заврши својата работа и не ги спречи криминалните активности за време на протестот

Слободен печат

Блатер: Сакаат да го направат фудбалот „машина“ за правење пари!

Слободен печат

Еврото на највисоко ниво од средината на март, доларот бележи пад

Слободен печат

За 24 часа полицијата издала 585 казни за не носење лична заштита

Слободен печат

Изграден нов воспитно поправен дом во Тетово (ФОТО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Полицискиот час го зголеми процентот на пријавени случаи на семејно насилство

Слободен печат

Републицанците најавија тужба против Пелоси за новиот начин на гласање

Слободен печат

Биркс: Во Вашингтон се уште има најголема стапка на позитивни на Ковид-19

Слободен печат

Николоски: Врвот на партија е следен физички и телефонски од страна на параполициски структури

Слободен печат

Дополнителни хуманитарни средства од ЕУ за борбата против коронавирусот

МИА Агенција

Оштетување на мозокот, белите дробови и тешки срцеви заболувања како последица: Коронавирусот може да е само почетокот

Слободен печат