Истражување: Лицата кои прележале ковид-19 имаат подобра заштита при вакцинирање

EPA EFE
Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAM

Лица кои прележале Ковид-19 имаат пет месеци поголема заштита од реинфекција отколку лица кои само ја примиле вакцината на Оксфорд/ АстраЗенека, а истото важи и за вакцината на „Фајзер”, соопшти англиската Национална јавна здравствена служба (PHE).

Податоците од истражувањето „PHE Siren”, кое го следи здравјето на повеќе од 20.000 медицински лица во повеќе од 100 градови во Велика Британија, покажаа колку здравствени работници имаат заболено од коронавирус повеќе од еден пат.

Утврдено е дека 6.614 медицински работници добиле вирус во првата половина на 2020 година, а само 44 лица од оваа група повторно се разболеле од корона, објави „Дејли меил”.

„PHE Siren” додава дека ова значи дека луѓето кои прележале Ковид-19 имаат 83 проценти заштита од реинфекција, а исто така имаат помала веројатност да развијат посериозни симптоми во случај на повторување на болеста.

Додадено е дека само 15 од 44 лица кои повторно се заразиле развиле симптоми на Ковид-19, останатите биле асимптоматски случаи.

Истражувачкиот тим соопшти дека можат да потврдат дека природниот имунитет на Ковид- 19 трае најмалку пет месеци, колку што толку трае истражувањето, што ќе продолжи во следните 12 месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот