Историчарот Ѓорѓиев: На 3 и 4 декември ќе разговараме за Гоце Делчев

Институтот за национална историја нема намера да ја прилагодува својата научна дејност за потребите на политиката. Највисоката македонска институција за историски проучувања која ја раководи првиот човек на македонскиот експертски тим во заедничката комисија со Бугарија Драги Ѓорѓиев ги осудува сите форми на мешање на политиката во историјата.

– Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат детерминирани исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи. Имајќи ја предвид природата на научната мисла, која е неопходно да биде слободна и независна, а не политички условена, Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот. Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на било какви политички влијанија! – се вели во реакцијата на Институтот за национална историја.

Реакцијата на институтот доаѓа во време кога власта е во интензивна дипломатска активност во обид да обезбеди старт на преговорите пред крајот на годината и неколку дена по интервјуто на премиерот Заев во бугарските медиуми.

Опозицијата и денеска прашува за што викендов се разговарало во Бугарија. Од СДСМ демантираат. Велат дека викендов воопшто немало преговори во Софија.

ВМРО-ДПМНЕ: Ако не каже Заев за што тајно преговара во Софија следи блокада на Владата и МНР

Премиерот и натаму останува оптимист дека може да се дојде до решение во проблемот со Бугарија, иако од Софија се уште нема сигнали за промена на ставовите.

Предводникот на македонските историчари во мешовитата комисија со Бугарија за Алфа вели дека позициите на Заев нема да им наштетат. Историските факти се над индивидуалните ставови на политичарите, вели тој.

– Ставовите на премиерот Зоран Заев нема да ни ги врзат рацете и нема да не стават во подредена положба. Ние ќе се водиме според историските факти. Многу пати досега имало изјави на политичари од Македонија и Бугарија за историски теми. Разговорите на трети и четврти декември ќе бидат он лајн за темите за кои разговаравме на последната средба. Меѓу нив и за Гоце Делчев”, смета Ѓорѓиев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот