ВМРО-ДПМНЕ: Ако не каже Заев за што тајно преговара во Софија следи блокада на Владата и МНР

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Го повикуваме премиерот во заминување Зоран Заев јавно да објави пред македонската јавност за што точно тајно се преговара во Софија овие денови, се вели во најновото соопштение за јавноста од опозицијата.

– Зоран Заев во интервју за бугарски медиум соопшти скандалозни тези ретуширајќи ја историјата, нашите придобивки од антифашистичката борба, удирајќи по темелите на современата Македонска држава. Дали искажаните позиции за кој не се извини сега се на маса за пазарење со Бугарија- запрашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку, велат оттаму, Заев јавно не излезе до вечер за што точно преговара и од што точно се откажува ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе организира блокади на Владата и Министерството за надворешни работи.

Претходно од опзицијата најавија дека денеска во 11 градови низ Македонија ќе продолжат да протестираат со автомобили.

Продолжуваат протестите на ВМРО-ДПМНЕ: Попладнево со автомобили низ 11 градови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот