Истече клаузулата на Меси да замине бесплатно ова лето

twitter/FC Barcelona

Аргентинецот го потпиша важечкиот договор уште во 2017 година, а од тогаш се зборуваше многу за неговото незадоволство од работата на Барса и одредени членови на управата..

Најдобриот фудбалер на Барселона ќе остане на „Камп Ноу“ најмалку уште една година, откако истече клаузулата во неговиот договор, според која тој летово би можел да го напушти клубот како слободен агент.

Лионел Меси има важечки договор со шпанскиот шампион до крајот на следната сезона, но тој не ја искористи можноста да го извести клубот до 30 мај за можноста да си замине во летниот период.

Аргентинецот го потпиша важечкиот договор уште во 2017 година, а од тогаш се зборуваше многу за неговото незадоволство од работата на клубот и одредени членови на управата, што ги поттикна шпекулациите дека тој конечно би можел да се раздели со каталонскиот клуб.

Но, не треба да се заборави дека Меси постојано ја истакнуваше својата желба да ја заврши кариерата во клубот со кој ги постигна најголемите успеси од 2005 година.

Во изминатиот период, Меси се поврзуваше со можен трансфер во редовите на Манчестер сити кој го води менаџерот Пеп Гвардиола, а во управата на клубот се наоѓаат и поранешните директори од Барселона, Чики Бегиристајн и Феран Сориано.

Сити и натаму го следи развојот со договорот на Меси, а интересно е што зборуваше и за желбата дека сака да ја заврши кариерата во својата родна земја, поточно во поранешниот клуб, Њуелс Олд Бојс.

Ја сакам Барселона, но навистина ми недостасува Росарио. Барселона е мојот дом. Јас сум тука подолго отколку во Аргентина и сакам да играм овде, уживам во сè што правам – беа зборовите на моментно најдобриот фудбалер на светот во февруари годинава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот