Исповед на мајка: Го мразам името на син ми, ме потсетува на бившиот

Изборот на име за дете е најголемата одлука за секој родител. Една мајка на „Mumsnet“ ја прашала онлајн заедницата дали на нејзиниот син треба да му се дозволи да го смени своето име. Според неа, синот навистина го мрази сопственото име, а таа го дели неговиот став, пишува „The Sun“.

Мајката признала дека момчето често плаче затоа што не го поднесува сопственото име, а таа тврди дека неговото име ја потсетува на нејзиното поранешно момче. Момчето се вика Џејк. „Мојот син го мрази своето име“, напиша таа. „Тој вели дека му е досадно, па дури и плачеше поради тоа“.

Бизарно: Мајка развила ретка автоимуна болест, алергична е на сопственото бебе

Момчето не сака да го носи името на некој друг

„Тој вели дека сака неговото име да биде негово, а не туѓо. И мене не ми се допаѓа тоа име, иако не е толку лошо (Џејк). Тоа не беше мојот прв избор и неговиот татко одлучи за името, а тој е повеќе не е во нашите животи и секогаш кога го кажувам тоа име, се потсетувам на него“, објасни таа на заедницата.

Името има лоша конотација за неа

„Не му ги кажав на син ми чувствата за неговото име, секогаш го уверувам дека тоа е неговото име и дека е убаво, но помина повеќе од една година откако тој навистина почна да го мрази своето име и тоа не се смени. Мислев дека е типична детска игра, но тој е многу вознемирен“.

Жената објаснила дека нејзиниот син сака да се вика Еван и открила дека оваа година ќе почне да оди на училиште и размислува дали да му го смени името пред да се запише.

Таа праша: „Дали да го запишам како Еван и да побарам да го викаат така на училиште, а потоа кога ќе порасне, ако сè уште сака, да му го смениме името и легално? Или да продолжам да го охрабрувам да го задржи своето вистинско име?”

Нејзината објава ги подели корисниците на Mumsnet

Едно лице рече: „Можете ли да му го промените името во нешто како Џејк. Џејкоб? Џексон? Ако не, почнете да го нарекувате Еван и видете како ќе биде. Многу деца имаат прекари“. Некој додаде: „Нарекувајте го со името што го сака. Ќе видите како ќе биде“. Друг се согласи: „Нека го промени своето име. Делува прилично решен“.

Што би направиле вие?

ФОТО | Евровизиската победничка со децата го напуштила Киев: Бевме четири дена без храна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот