Бизарно: Мајка развила ретка автоимуна болест, алергична е на сопственото бебе

Фиона Хукер/ Фото: Твитер/Њујорк пост

Фиона Хукер (32), новопечената мајка која за време на бременоста имала болни плускавци и испакнатини по целото тело, открила дека ретка автоимуна болест ја довела до алергија на сопственото бебе. Фиона од Бесингсток, Хемпшир, првпат ги забележала црвените дамки кои чешаат на нејзиниот стомак во 31-та недела од бременоста. Имала чувство како да има реакција на коприва, која се влошувала сѐ повеќе, објави „Дејли мејл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by The Free Media (@thefreemedia2k)


До крајот на бременоста, на нејзината кожа избувнале неподносливи црвени наслаги, а состојбата експлодирала во неверојатно болни плускавци по раѓањето на синот Барни, поради што било болно дури и да го држи новороденото бебе. Лекарите ѝ дијагностицирале ретка автоимуна состојба на бременост Pemphigoid Gestationis и рекле дека реакцијата на генот во ДНК на нејзиниот син веројатно предизвикала нејзиниот имунолошки систем да ја нападне сопствената кожа.

Погодува една од 50.000 жени

Барни е второто дете на Фиона, но таа не страдала од оваа состојба за време на првата бременост со ќерката. Наставничката по хипнопородување сега споделила шокантни фотографии од стомакот уништен од осипот и плускавците со меурчиња на екстремитетите во обид да ја крене свеста за ретката состојба, која погодува само една од 50.000 жени.

– Имав неколку ситни траги околу мојот папок кои се чувствуваа како убод од коприва. Отидов на лекар по неколку дена затоа што сѐ повеќе ме чешаше и беше неподносливо. Ми дадоа креми со стероиди кои баш и не помогнаа и стануваше сѐ поголем – стомакот ми беше покриен со црвени плаки кои чешаат – раскажала Фиона.


Во 35-тата недела од бременоста отишла на клиника бидејќи повеќе не можела да го трпи чешањето. Четири дена ѝ давале орални стероиди, коишто, како што вели, навистина помогнале да се смири ситуацијата.

Но, два дена пред да се породи, повторно почнало да биде неподносливо, а 24 часа откако се породила, состојбата едноставно. Дерматолог во болницата Бесингсток и Норт Хемпшир тогаш ѝ дал силна доза на орални стероиди во очајнички обид да ја стави под контрола болната состојба. Таа вели дека лекарите се сомневаат дека реакцијата била предизвикана од ген во ДНК на нејзиниот син, бидејќи таа не страдала од оваа состојба во првата бременост со тригодишната ќерка Фиби.

Состојбата ескалирала со раѓањето на бебето

– Бременоста од 31. до 35. недела беше доста тешка бидејќи стомакот ми гореше, а очигледно бев мошне голема и имав мало дете. Кога имав породилни болки не чувствував ништо, изгледав ужасно, но воопшто немаше чешање. Но, по раѓањето, кога ми експлодираше во меурчиња на стомакот, градите, рацете и нозете – каде и да го држев бебето – беше прилично тешко – се присетила Фиона.

Таа, во следните шест месеци, земала орални стероиди со различна јачина, сѐ додека не можела да се одвикне на нив, непосредно пред Божиќ. Таа вели дека чешачките наслаги, плускавците и лузните од екстремната реакција конечно се повлекле, иако сè уште мора да користи стероидни креми повремено и може да страда од мали букнувања до крајот на нејзиниот живот, објави „Дејли мејл“.

– Истражувањата покажаа дека осипот ќе се врати во идните бремености и ќе биде многу поболен. Мислам дека не би можела повторно да поминувам низ сето ова – изјавила Фиона за „Индепендент“.

Иако осипот е речиси повлечен, тој сега може да се појави и од одредени хормони и, во помала мера повторно избувнува, на пример, при менструација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот