Исплатен образовен додаток за над 26 илјади деца

Една од придобивките на социјалната реформа, дополнуваат, е што повеќекратно е зголемен бројот на деца корисници на ова право.

Извршена е исплата на додатокот за образование, за четвртиот мерен период, за 26.050 деца. Со оваа исплата, образовен додаток добија над 2.000 деца повеќе, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика.

Ресорното Министерство потенцира дека постојано го зголемува опфатот на деца со образовен додаток.

„Се грижиме за секое дете и не дозволуваме здравствено-економската криза да се одрази на најмладата популација, која е иднината на оваа земја. Затоа и во исклучително сложени услови ја зголемуваме поддршката за секој поединец, за секое семејство. Многу е значајно децата од семејства без или со ниски приходи да добијат дополнителна помош и затоа Владата донесе уредба со кој престана важењето на условот за потврда за редовност за исплата на додатокот за образование, за третиот и четвртиот мерен период за учебната 2019/2020 година. Тоа беше со цел да го олесниме пристапот до овие права“, образложуваат од МТСП.

Една од придобивките на социјалната реформа, дополнуваат, е што повеќекратно е зголемен бројот на деца корисници на ова право.

Споредбено, пред реформата, велат од ресорното Министерство, бројот на корисници на програмата условен паричен надоместок изнесувала 2.877.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот