Ирвинг одби милиони и стана слободен играч

Кајри Ирвинг заврши со настапите во дресот на Бостон селтикс. Новинарот Шемс Чаранија на својот профил на Твитер објави дека Ирвинг ќе ја одбие понудата на Бостон, да ја прифати опцијата за продолжување на договорот за една година, и планира да се појави на трансфер пазарот во НБА лигата.

Со одбивањето да продолжи да игра за Бостон, Кајри Ирвинг ќе стане неограничено слободен агент и ќе може да избере во која екипа ќе ја продолжи кариерата.  Засега само две екипи се споменуваат како можна дестинација за Ирвинг, Њујорк никс кој има простор да понуди максимален договор на две НБА ѕвезди и Лос Анџелес лејкерс каде би го пречекал сограчот од Кливленд, Леброн Џејмс.

Ирвинг во НБА лигата влезе во 2011 година кога како прв избор на драфтот го избра Кливленд кавалирс со кого во 2016 година ја освои и титулата. Има шест настапи на Ол-стар натпреварите, а со репрезентацијата на САД го освои златниот медал на Светското првенство во 2014 година и на Олимписките Игри 2016 година кои се одржаа во Рио де Жанеиро.

Минатата сезона, Кајри Ирвинг за екипата на Бостон постигнуваше просечно по 23.8 поени и 6.9 асистенции по натпревар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот