Ирците на колена во Скопје, денот кога Македонија славеше голема победа! (ВИДЕО)

фото: принтскрин/youtube

Нашата најдобра фудбалска репрезентација триумфираше на нашиот најголем стадион со двата голови на Стојковски и еден на Христов.

И против многу позвучни репрезентации нашите најдобри фудбалери успеале да го напуштат теренот непоразени, иако воглавно натпреварите завршувале нерешено, против Англија, Италија, Холандија, Португалија.

Но, не така често доаѓаме до победи над атрактивни ривали, иако секако тука не се исклучуваат мечевите против Норвешка (2:0), Бугарија (2:0), Шкотска (1:0), Хрватска (2:0), Турција (1:0), Данска (3:0)…

Поради пандемијата на коронавирусот одложен е повторно полуфиналниот дуел од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово за пласман на наредното ЕП 2021.

Во квалификациите за пласман на Светското првенство 1998, на денешен ден 2 април 1997 година во Скопје селекцијата предводена од тогашниот селектор Ѓоко Хаџиевски триумфираше против Република Ирска со 3:2.

Стрелаше Митко Стојковски кој двапати беше прецизен од пенал, а му се придружи и Ѓорѓи Христов.

После тој триумф ги одржувавме шансите за учество во мундијалскиот бараж и второто место, следуваше и победа над Исланд (1:0), но во последните три меча од квалификацискиот циклус, загубивме од Романија, и на крајот двапати од Литванија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот