Иран заплени британски танкер (ВИДЕО)

Иранската Револуционерна гарда соопшти денеска дека запленила британски танкер со нафта во стратешкиот Ормуски Проток, бидејќи бродот ги нарушувал „меѓународните морски правила”.

Танкерот „Стена Имперо” пловел под британско знаме, чија крајна дестинација била Саудиска Арабија, објави Би Би Си.

Сопствениците на „Стена Имперо” соопштија дека загубиле контакт со бродот, кога тој „се упатил кон Иран”. Според компанијата, на бродот има 23 членови на екипаж, а според последните информации, кон него се приближувале „неидентификувани мали чамци и хеликоптер”. Тоа се случило во Ормускиот Проток.

Британскиот Форин офис објави дека во тек е итна проверка на информацијата, а владиниот вонреден комитет Кобра ќе се сретне по повод инцидентот.

Тензиите меѓу Иран и Велика Британија се зголемија во последните две недели, откако властите во Гибралтар со помош на британската морнарица го запленија иранскиот танкер со нафта „Грејс-1″ под сомнеж дека илегално превезува нафта за Сирија. Тоа ги влоши односите меѓу Техеран и Лондон, по што иранските власти се заканија со преземање реципрочни мерки.

Прочитајте и...  Колемишевски: Пазарниот инспекторат уште денес ќе се спротистави на „воените профитери“

Прочитај повеќе

САД им понудиле техничка помош на Иран за да се справат со коронавирусот

Слободен печат

Што ги спои СДСМ и Беса? Се пишува заедничка програма

Одрони и влажни коловози во дебарско – се препорачува внимателно возење

МИА Агенција

Се откажуваат екскурзиите во странство за учениците од Грција

МИА Агенција

Општина Ресен со превентивни мерки за заштита од коронавирус

МИА

Презентиран проектот за изградба на гасоводна мрежа во Радовиш

МИА

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Каракачанов: Запревме 60 мигранти, армијата подготвена да испрати уште 1000 војници на границата со Турција

Слободен печат

Поради снег забрана за камиони на патот од Маврово кон Дебар

Слободен печат

Нови два случаи на коронавирус во Романија

Слободен печат

BMW X1 е роденденскиот подарок за Тања од Скопје

Слободен Печат

Апостолска: Развивме економски мерки кои овозможија значајна поддршка за бизнис секторот

МИА

Алкалоид – резултати од работењето за периодот јануари – декември 2019 година

Слободен Печат