Галеника: 78 години посветени на луѓето и верни на здравјето

Алма Крилиќ-Храповиќ
Алма Крилиќ-Храповиќ

Интервју со Алма Крилиќ-Храповиќ, регионален менаџер за развој на продажбата во Галеника

Понатамошно ширење на меѓународните пазари, дигитализација на работењето и фокус на развојот се на агендата на фармацевтската компанија Галеника за 2023 година. Регионалниот фармацевтски лидер, како дел од бразилската NC Group, од 2017 година ја продолжува традицијата на успешно обезбедување вредност за корисниците на производите, партнерите и вработените. Со регионалниот менаџер за развој на продажбата во компанијата Галеника, Алма Крилиќ – Храповиќ, зборуваме за постигнатите резултати во изминатата година, за нивната регионална улога како корпоративно одговорна компанија која вложува во зачувување на здравјето, како и за реализираните проекти и идните планови.

Што би издвоиле од работењето на Галеника во 2022 година?

Иако 2022 беше предизвикувачка година во период на турбуленции на глобалниот пазар, со гордост можам да кажам дека за Галеника беше успешна. За успехот и растот придонесуваат континуираните инвестиции, модернизација, како и посветеноста тимот кој ја споделува заедничката визија за иднината на Галеника.

Проширувањето на портфолиото со модерни, висококвалитетни производи покажува иновација и е предуслов за раст на компанијата. На овој начин, Галеника на корисниците секогаш им обезбедува релевантни и најквалитетни производи, усогласени со нивните современи потреби. За илустрација – во 2022 година лансиравме 18 нови производи во Северна Македонија и 61 на пазарите во регионот каде што работиме (Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија).

Галеника има стратешка соработка со својата сестринска компанија од Бразил – ЕМС, која исто така е дел од NC Group, и која е број еден фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите во цела Латинска Америка, што значително ја зајакнува компанијата и нејзиното работење. Ќе ви дадам пример: во 2022 година, службата за истражување и развој на Галеника, во стратешко партнерство со ЕМС, успешно го спроведе трансферот на технологија на пет производи од најновата генерација генерички лекови.

Работиме на 15 меѓународни пазари, вклучувајќи ги и земјите од ЕУ, отворивме канцеларии во Хрватска и Словенија, и ова меѓународно проширување јасно ги докажува највисоките стандарди и квалитет што ги применуваме, како и довербата и релевантноста. Со задоволство можам да кажам дека Галеника ја докажа својата способност да се натпреварува на глобално ниво со својата експертиза и квалитет во фармацевтската индустрија.

Ова јасно ја покажува силата на нашето 78-годишно наследство, но и насоченост кон иднината и развојот, каде во секој момент сме посветени на луѓето и здравјето.

Минатата година значајно го проширивте портфолиото производи во регионот, но и во Македонија. Кои се новите производи достапни за граѓаните на Северна Македонија?

Постојано го унапредуваме и прошируваме портфолиото со производи. Меѓу другото, од минатата година на граѓаните во Северна Македонија им се достапни граничните производи за најмладите Vitup Baby D3, Vitup Baby D3 + K1, Vitup Baby D3 + DHA Omega, како и Олигогал Магнезиум, Олигогал Железо, Floniivin Boulardii, Flonivin Kids Immuno, Flonivin Forte, како и ензимскиот препарат Дигестал.

Галеника

Галеника кон крајот на 2022 година претстави голема регионално истражување за употребата на лекови на пазарите во Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија. Можете ли нешто повеќе да кажете за истражувањето и да ги споредите резултатите од трите пазари?

Галеника со ова истражување имаше за цел преку релевнтни податоци да придонесе за подигање на свеста за значењето на превенцијата и зачувување на здравјето на граѓаните во трите наведени земји. Како и за понатамошно ширење на нашето портфолио со висококвалитетни производи кои на најдобар начин ќе одговорат на актуелните потреби на корисникот. Галеника секогаш се стреми да обезбеди дополнителна вредност на пазарот, а сознанијата од ова истражување ги сметаме за вредност која ќе се фокусира на она што ни е највредно, а тоа е здравјето и неговото зачувување. Интересно е колку се слични бројките на сите три пазари, што ги илустрира еднаквите околности под кои живее современиот човек, па навиките на граѓаните во однос на употребата на лековите и предизвиците што ги имаат со здравјето се многу слични.

Граѓаните на Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Србија имаат слични производи во своите домашни аптеки. На пример, 80 отсто од граѓаните во Северна Македонија во своите домашни аптеки најчесто имаат производи кои регуларно се издаваат без лекарски рецепт, во Босна и Херцеговина – 85 отсто, а во Србија – 84 отсто. Најчесто тоа се лекови за намалување на високата температура (74%) и за настинка, кашлица или болки во грлото (70%).

На какви резултати укажуваат резултатите од истражувањето кога се во прашање хроничните здравствени проблеми на граѓаните?

Слично е и со податоците за акутни и хронични проблеми на граѓаните од сите три земји. Високо на скалата на хронични здравствени проблеми се кардиоваскуларните заболувања, а во просек во сите три земји граѓаните користат околу 3 лекови за хронични проблеми. Најчести акутни проблеми се главоболки, болки во грбот и екстремитетите, како и респираторни инфекции. Ако го разгледаме истражувањето за Северна Македонија, нешто повеќе од половина од популацијата имаат навики кои треба да им го одржат здравјето или зајакнат имунитетот. Околу 55 отсто од испитаниците се изјасниле дека редовно одат на прошетка или рекреативно спортуваат, а околу 48 отсто претпочитаат суплементи со витамини и минерали или препарати специјално дизајнирани за зајакнување на имунитетот. Но, овие проценти не се разликуваат значајно во БиХ и Србија. Би додала дека за нас податоците добиени преку ова истражување се драгоцени и уште еднаш ја подвлекуваат важноста од подигање на свеста за активната превенција на болестите и сакам да истакнам дека ова истражување е еден вид поддршка на Компанијата Галеника да го зачува здравјето на сите граѓани во овие три земји.

На што сте особено горда во однос на работењето на Галеника во претходната година?

Својата постојана посветеност на одговорниот бизнис и пошироката општествена заедница Галеника ја покажува преку поддршка на општествено одговорни проекти, бидејќи веруваме дека тие ја одразуваат важноста како на општеството како целина, така и на секој поединец. Горди сме што сме активни преку различни општествено одговорни проекти низ целиот регион. За илустрација, минатата година во Северна Македонија го поддржавме одржувањето на најголемиот урбан, но и меѓународен спортски настан, Скопскиот маратон, на кој учествуваа над 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 земји. Оваа поддршка ја одразува нашата посветеност за промовирање на здрави животни навики. Организиравме и концерт за најмладите во Градскиот парк во Скопје, на кој основците преку игра и забава можеа да ги покажат своите креативни способности, како и својот афинитет кон спортот.

Кои се приоритетите на Галенија во 2023?

Има три приоритети: луѓето, здравјето и одржливиот бизнис.

Фокусирани сме на луѓето и проширувањето на нашето портфолио, како и континуираната испорака на потребните количини на висококвалитетни производи. Звучи едноставно, но во овие глобални услови може да биде предизвик и бара големи напори, заедно со стручноста и посветеноста. На пример, во 2023 година, во соработка со нашата сестринска компанија од Бразил – ЕМС, веќе започнавме со имплементација на трансфер на технологија за дополнителни 5 производи од поновата генерација на генерички лекови.

Целта ни е двоцифрен раст, понатамошна интернационализација на бизнисот и дигитализација базирана на релевантни деловни податоци собрани од пазарот, иновациите и деловната агилност.


Спонзорирана објава

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот