Интересен разговор на Сампрас и Ѓоковиќ: Го сакам твојот ритерн (ВИДЕО)

Во пресрет на завршниот мастерс турнир, АТП направи специјален серијал во чест на 50 години од одржување на овој турнир.

За таа цел се собрани поранешните и актуелните тенисери кои разговараа на разни теми, а во еден момент меѓу себе разговараа Новак Ѓоковиќ и поранешниот најдобар тенисер, Пит Сампрас .

Тим Хенман го запраша Сампрас кој дел од играта на Ѓоковиќ би сакал да ја „украде“ за себе и во тие моменти во разговорот се вклучи првиот тенисер на АТП ранг листата со зборовите „Може ли га погодувам“.

Го сакам твојот ритерн. Дај ми го тој ритерн по севисот“ одговори Сампрас.
Сите ме прашуваат со кого би имал проблеми доколку би играл денеска… Тоа би бил Новак поради неговиот ритерн. Покрај Андре секогаш можев да поминам, бирав точки против него, но со Новак би било навистина тешко“, објасни Сампрас и исто така додаде дека би сакал да ја земе и брзината на Ѓоковиќ.

Од друга страна Ѓоковиќ не му остана должен: „Јас би ги менувал својата брзина и ритерн за твојот сервис и волеј игра. Тоа би го избрал наместо своите брзина и ритерн. Би било фантастично да се гледа нашиот дуел“.

Двајцата тенисери разговараа и за уште една заедничка тема, имено Новак Ѓоковиќ наскоро ќе го израмни рекордното постинување на Пит Сампрас, по шести пат годината да ја заврши на првото место на АТП ранг листата.

„Тоа е големо достигнување и нивото на посветеност кое мора да го покажете во животот и во начинот на сопственото организирање, не само на теренот туку и надвор од него. Понекогаш не јадете и не спиете добро, имате „пеперутки“во стомакот, а некогаш и тешки односи со вашите најблиски и луѓето околу вас. Нервозата, стресот, „пеперутките“, сите тие позитивни и негативни емоции внатре во вас. За се се грижите“, вели Ѓоковиќ кој уште еднаш му оддаде признание на Сампрас.
„Шест години по ред… Не знам како успеа Пит, но голем респект за тебе“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот