Интер во полуфиналето против Елмас и Наполи! (ВИДЕО)

фото: твитер

Победата на „неро-аѕурите“ вечерва во Милано ја обезбедија Кандрева и Барела во четвртфиналната пресметка против „виолетовите“.

Официјално се познати двете полуфинални пресметки сезонава во Купот на Италија, Интер вечерва на „Џузепе Меаца“ успеа да ја совлада Фиорентина (2:1).

За Интер дебитираше и новото зимско засилување кое дојде од Тотенхем, Кристијан Ериксен. Данецот настапи од 66. минута како замена за Алексис Санчез.

После првото полувреме водеше миланскиот клуб со голот на Кандрева реализиран непосредно пред паузата после додавањето на Мартинез.

Гостите израмнија преку Касерес после половина час игра, а триумфот на домаќините го обезбеди Барела седум минути подоцна.

На тој начин „неро-аѕурите“ обезбедија настап во полуфиналето од куп натпреварувањето, а таму ривал ќе им биде Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Во второто полуфинале екипата на Јувентус ќе ги одмери силите против Милан.

Првите мечеви се закажани за 12 февруари, а реванш средбите на 4. март. Финалето ќе се игра на стадионот „Олимпико“ во Рим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот