Интер донесе одлука за Конте

epa08796402 Internazionale's head coach Antonio Conte reacts before the UEFA Champions League group B match between Real Madrid and FC Internazionale at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 03 November 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Антонио Конте останува прва тема во фудбалска Италија по елиминацијата на Интер од Европа.

Интер имаше шанса со победа над Шахтјор во последното коло од групната фаза во Лигата на шампионите да игра во осминафиналето, но на крајот ремито ги исфрли од европските купови.

Клубот јавно застана зад својот тренер притоа порачнувајќи дека не размислува за промена, но италијанските медиуми го тврдат сосема спротивното, дека постои големо незадовлство кај управата но и кај дел од играчите.

Дали сте на истиот брод“, го прашаа новинарите, Конте по елиминацијата од ЛШ.
Се надевам“, гласеше одговорот на тренерот.
Но, расправијата на Конте со Фабио Капело и Алесандро Костакурта по натпреварот со Шахтјор им даде нов адут на медиумите кои тврдат дека поранешниот италијански селектор е лош губитник.

Тренерот повторно ги негираше тврдењата дека нема резервен палн Б, но Капело кој со Милан триумфира во Лигата на шампионите му окдговори дека знае актуелни тренери како што се Гасперини или Алегри кои често ја менуваат тактиката и пробуваат нешто нов кога не и оди на екипата, додека Конте е тврдоглав и не отстапува од формација 3-5-2 која не му носи резултати.

Управата на Интер донесе одлука, односно има три опции и во само една од нив Конте може да остане на клупата по завршување на сезоната.
Според медиумите состојбата помеѓу Конте и Интер е „separati a casa“, односно сопружници кои неволно живеат заедно.
Доколку нема некоја лоша серија на резултати, Конте ќе остане на клупата на Интер до крајот на сезоната, односно доколку екипата биде во трка за титулата.

Доколку Интер почне да бележи слави резултати во Серија А, без разлика на тоа што ќе мора да му исплатат 12 милиони евра по сезона за актуелниот договор, „нероаѕурите“ ќе го сменат Конте и ќе се обидат да се договорат со Масимилијано Алегри.
Единствената опција Конте да остане на клупата на Интер е доколку ја освои титулата, но тогаш само ќе го одработи договорот кој му трае до 2022 година, но нема шанса да добие нов договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот