Интензивирање на соработката меѓу Јавното обвинителство и Царинската управа во борба со криминалот

Јавното обвинителство и Царинската управа да ја интензивираат соработката во борбата против корупцијата и криминалот. Ова било договорено на денешната средба меѓу првиот човек на Царинската управа Горан Сугарески и јавниот обвинител Љубомир Јовески.

– На средбата се дискутираше за продлабочување на заедничките напори за истрага и кривично гонење, јакнење на капацитетите и координација на надлежните органи. Акцентот беше ставен на интензивирање на соработка помеѓу Јавното обвинителство и Царинската управа преку воспоставување на заедничка линија за борба против корупцијата и со заемна решеност за подобрување на ефикасноста на системот во борбата против криминалот, информираат од Царинската управа.

Директорот Сугарески истакнал дека Царинската управа, како орган во составот на Министерството за финансии, покрај фискалниот елемент на собирање на даноци, неспорно има важна улога и на полето на безбедноста и зачувување на здравјето и животот на граѓаните и заштита на животната средина.

– Царинската управа на Република Северна Македонија и во иднина останува во работна координација со надлежните државни институции за сузбивање на криминалот, корупцијата и нелегалните дејствија, истакнуваат од Царинската управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот