Институт за војна: Украина е во противнапад, повратени поголеми делови од Севернодоњецк

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Украинските сили ги продолжуваат локалните контранапади против руските сили, пишува Институтот за војна (ISW) во својата дневна анализа објавена доцна синоќа. Меѓу другото, со изненадувачки контранапад во изминатите неколку дена ослободени се големи делови од Северодоњецк, градот што минатата недела беше пред целосен колапс.

Минатата недела од овој град доаѓаа информации, па дури и од украински извори, дека Русите контролираат 80 отсто од градот. Севернодоњецк е стратешки важен град во Луганската област, последниот голем град во овој регион контролиран од Украинците, поради што Русите таму испратија поголем дел од своите сили. Русите минатата недела го контролираа центарот на градот, но сега се вратени на неговата источна периферија.

Според ISW, 70 отсто од градот е ослободен.

Украинците исто така почнаа контранапад северно од Харков.

За тоа време руските сили продолжија со напорите да се доближат до Славјанск, но сѐ уште е малку веројатно дека ќе постигнат значителен напредок околу овој град поради континуираното давање приоритет на заземањето на Севернодоњецк, пишува ISW.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот