Инспектори за труд и од управен инспекторат проверуваат неправилности во „Водовод и канализација“

По пријава на Синдикатот СУТКОЗ при ССМ, инспектори од Државниот инспекторат за труд и Државниот управен инспекторат денеска влегле во ЈП „Водовод и канализација“ за да направат увид во неправилностите и незаконските задолженија кои им се врачуваат на поголем број вработени, а кои се противзаконски и не се во согласност со Колективниот договор за комунални дејности.

Како што информираа од СУТКОЗ, Синдикатот испратил и барање до Управниот одбор за тој да ги поништи задолженијата како спротивни на Закон и Колективен договор, а претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски остварил и средба со в.д. директорот Марјанчо Митовски, на кој му укажал на сите неправилности и незаконски постапувања на од страна на новото раководство.

Очекуваме Државниот инспекторат за труд, Државниот управен инспекторат и Управниот одбор на претпријатието, да ги констатираат неправилностите и да ги поништат незаконските задолженија. Исто така СУТКОЗ алармира дека претходното раководство дало согласност и ја известило агенцијата дека се продолжуваат договорите на околу 100 вработени на определено време, а новиот в.д директор Марјанчи Митовски ја повлекол и не ги продолжил договорите за вработување со што оставил стотина вработени без егзистенција – соопштија од СУТКОЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот