Иницијативата против урбано дивеење бара средба со Бочварски за да не се одобрат ДУП-овите од Општина Ѓорче Петров

Рушење на полициска станица во Ѓорче Петров

 Иницијативата против урбано дивеење денеска поднесе барање за средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, за, како што посочија на денешната прес-конференција, да не ги одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од Општина Ѓорче Петров.

-Причината за оваа средба е да ургираме до Министерството како надлежен орган да не ги прифаќа и одобрува ДУП-овите кои доаѓаат од општина Горче Петров поради сомнеж дека градоначалникот Наумоски има лични врски со Урбаната мафија, рече Горан Костов од Иницијативата против урбано дивеење.

Во Советот на Општината, како што рече тој, денес е поминат ДУП СЗ 15 во непосредна близина до паркот во Ѓорче Петров во кој се предвидени 17 нови згради со висина до 33 метри и околу 24 илјади м2 градежна површина кои треба да се изградат во дел помал од пет илјади м2.

-Со овој ДУП се легализира и се отвора патот на онаа спорна зграда која треба да никне во самиот парк. Ова е еден од тие 25 ДУП-ови кои Општината замислила да ги помине за наредните осум месеци. Урбаната мафија е до таа мера навлезена со влијанието во општината и функционираат како една единка, рече Костов.

Тој најави дека в сабота во 12 часот ќе одржат предупредувачка блокада на сообраќајот кај кружниот тек пред црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров.

Додаде оти се надеваат дека ќе наидат на слух од министерот бидејќи, како што рече, со градењето на овие згради се уништува живеењето на жителите на Ѓорче Петров. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот