Иницијатива за импичмент во бугарското Собрание: Опозицијата со пет аргументи за смена на претседателката

Фото: haskovo.press

Бугарската опозиција бара оставка на претседателката на Парламентот, Цвета Карајанчева, јави БГНЕС. Од парламентарната говорница, претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП), Корнелија Нинова порача дека постојат пет аргументи во корист на тоа дека Карајанчева треба да ја напушти функцијата.

– Првиот е непознавање на Уставот на Република Бугарија и кршење на Деловникот за работа на Националното собрание, кое согласно одлука на Уставниот суд има сила на закон. Вториот е поставување на законодавниот дом во подредена улога на извршната власт и претворање на Националното собрание во додаток на волјата на еден човек, во случајот премиерот Борисов. Третиот е грубо кршење на правилата на законодавниот процес и влошување на квалитетот на законите. Четвртиот е непочитување на принципите на транспарентност и јавност во работата на Парламентот и петтиот е зборови, проценки и однесување што го нарушуваат авторитетот на институцијата , рече Корнелија Нинова пред пратениците.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот