ИНФОГРАФИК: Колку нуклеарно оружје има Русија?

Руско оружје, Фото: Архива

Рускиот претседател Владимир Путин најави делумна мобилизација во Русија, објаснувајќи дека ќе направи „сè што е потребно за да ја одбрани руската територија“.

Но, како со претходните закани од страна на руските сили, аналитичарите сугерираат дека зборовите на Путин повеќе треба да се сметаат како предупредување за другите земји „да не се мешаат“ во Украина, отколку неговата желба да користи нуклеарно оружје во војната, смета Би-Би-Си.

Нуклеарното оружје постои речиси 80 години и многу земји го сметаат за одвраќање што продолжува да биде закана за нивната национална безбедност.

Колку нуклеарно оружје има Русија?

Иако сите бројки за нуклеарното оружје се во главно проценки, според Федерацијата на американските научници, Русија има 5.977 нуклеарни боеви глави – уреди што предизвикуваат нуклеарна експлозија – иако ова вклучува околу 1.500 кои се разоружани.

Од преостанатите околу 4.500, повеќето се сметаат за стратешко нуклеарно оружје – балистички проектили или ракети, кои можат да бидат насочени на долги растојанија. Ова се оружјата што обично се поврзуваат со нуклеарна војна, пренесува Ал Џезира.

Експертите проценуваат дека околу 1.500 руски боеви глави моментално се „распоредени“, што значи сместени во базите или на подморниците.

Како што пишува Би-Би-Си, девет земји во светот моментално имаат нуклеарно оружје: Кина, Франција, Индија, Израел, Северна Кореја, Пакистан, Русија, САД и Велика Британија.

Кина, Франција, Русија, САД и Британија се меѓу 191 држава кои го потпишале Договорот за неширење на нуклеарно оружје (НПТ).

Според договорот, тие треба да ги намалат резервите на нуклеарни боеви глави и, теоретски, се посветени на нивно целосно елиминирање.

Индија, Израел и Пакистан никогаш не се приклучија на НПТ – а Северна Кореја ја напушти во 2003 година.

Израел е единствената земја од деветте што никогаш официјално не ја признала својата нуклеарна програма – но општо прифатено е дека има нуклеарни боеви глави.

Украина нема нуклеарно оружје и покрај обвинувањата од претседателот Путин, а засега нема докази дека тие се обиделе да набават такво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот