Индија очекува преземање на контролата над Кашмир – Слободен печат
ВестиПланета

Индија очекува преземање на контролата над Кашмир

Индија владее со многу населената долина Кашмир, додека Пакистан контролира дел од територијата на запад, што Њу Делхи го опишува како „Кашмир под окупација на Пакистан" (ПоК).

Индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Јаишанкар денеска изјави дека дел од Кашмир, кој е под контрола на Пакистан, припаѓа на Индија и дека очекува еден ден Индија да ја преземе контролата над тој дел.

Индија владее со многу населената долина Кашмир, додека Пакистан контролира дел од територијата на запад, што Њу Делхи го опишува како „Кашмир под окупација на Пакистан” (ПоК).

– Нашиот став за ПоК секогаш беше и ќе биде јасен. ПоК е дел од Индија и очекуваме еден ден да имаме физичка јурисдикција над тој дел – рече министерот Јаишанкар на прес-конференција.

Минатиот месец Њу Делхи го укина посебниот статус на муслиманското мнозинство во Кашмир во обид да ја интегрира индиската територија, што предизвика протести и ги налути Кашмир и Пакистан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close