Инцидент на ревијата на ШАНЕЛ (ВИДЕО)
Ревијата на Шанел што се случи изминатата недела во Париз ќе остане долго во сеќавање, а за тоа е должна француската инфлуенсерка и актерка, Мари Бенолиел.
Препорачано
Инфлуенсерката одлучила да се качи и да прошета на пистата покрај моделите и покрај тоа што не била поканета на ревијата. Додека публиката внимателно гледала во модните парчиња, Мари имала други планови.
Марија во еден момент се качила на сцената и се упатила кон познатата манекенка Џиџи Хадид која стоела на одреден дел од пистата. Публиката мислела дека тоа е дел од ревијата, но скаменетите лица на манекенките го кажувале спротивното.
Очигледно потегот од страна на француската комичарка не и се допадна на Џиџи Хадид и моделот веднаш ја упати кон излезот и ја симна од сцената.


