Имот вреден 500 милиони долари: Кој ќе го наследи Грејсленд по смртта на Лиза Мари Присли?

Присила Присли, Лиза Мари Присли, Рајли Кио, Хапер Локвуд и Финли Локвуд / Фото: OConnor/AFF-USA.com / PA Images / Profimedia

Легендарниот имот Грејсленд на пејачот Елвис Присли ќе остане во семејството Присли, пишува „Пипл“.

Имено, по ненадејната смрт на неговата единствена ќерка Лиза Мари Присли, имотот ќе го наследат нејзините три ќерки – Рајли Кио, Харпер Локвуд и Финли Локвуд.

Елвис Присли почина во 1977 година, на само 42-годишна возраст, оставајќи ја неговата деветгодишна ќерка Лиза Мари како единствена наследничка на Грејсленд.

Елвис, Присила и Лиза Мари во 1968 година / Фото: The Hollywood Archive / Hollywood Archive / Profimedia

Денес имотот е отворен за туристички тури, кои чинат од 215 до 45 долари, во зависност од ексклузивноста и времетраењето на престојот.

Како потсетување, Лиза Мари имаше две деца од бракот со Дени Кио – 33-годишната ќерка Рајли и синот Бенџамин Смит, којшто изврши самоубиство во 2020 година, на 27-годишна возраст. Таа се омажи со Мајкл Локвуд во 2006 години, со кого ги доби близначките Харпер и Финли.

Повеќе на темата:

Трагичната животна приказна на Лиза Мари Присли: Го изгуби татка си на девет години, а син ѝ изврши самоубиство на 27-годишна возраст

Видно слаба и нестабилна: Погледнете го последното интервју на Лиза Мари Присли два дена пред смртта

Болеста што ја уби Лиза Мари Присли е сѐ поприсутна кај жените: 5 симптоми што не треба да ги игнорирате

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот