Болеста што ја уби Лиза Мари Присли е сѐ поприсутна кај жените: 5 симптоми што не треба да ги игнорирате

Лиза Мари Присли / Фото: Jon Kopaloff / AFP / Profimedia

Светот го затекна веста дека Лиза Мари Присли, ќерката на Елвис Присли, починала на 54-годишна возраст од срцев удар.

Во оваа прилика ви донесуваме детали за првите симптоми на срцев удар кај жените:

1. Нарушување на сонот

Луѓето ја поврзуваат хроничната несоница со заморот поради работа, стресот, исхраната или недостатокот на витамини. Но, 50 отсто од жените кои преживеале срцев удар изјавила дека имале долготрајно нарушување на сонот. Овој симптом е поврзан со отежнато снабдување со крв во мозокот, незабележлив развој на хипоксија и промена на хормоналното ниво. Често се случуваат напади на анксиозност, раздразливоста расте, следи интензивен замор…

2. Скратен здив или недостаток на здив

Пред срцевиот удар, многу пациенти забележале скратен здив, кое се појавувало без очигледна причина. Плиткото дишење се случувало дури и при седење или лесно шетање. Кашлицата се појавувала во отсуство на други знаци на настинка или грип. Меѓутоа, во почетната фаза, пациентот може да почувствува и лесна болка или печење во градите и тоа воопшто не му пречи многу. Овие симптоми се јавуваат кај 40 отсто од луѓето кои имале срцев удар.

3. Нарушување на киселоста на желудникот

Дигестивниот систем е првиот кој реагира на проблеми со срцето. Со опаѓањето на протокот на крвта, киселоста во желудникот може да се зголеми, предизвикувајќи ждригавица (киселини), хипохондријални болки и грчеви во стомакот, а често се појавува и повраќање. Споменатите симптоми и мачнини жените ги припишуваат на лошата исхрана и диетата. Променете ја исхраната, консултирајте се со нутриционист, но ако симптомите продолжат – обратете се кај лекар.

4. Ладна пот

Ако ненадејното потење не е поврзано со страв, мора да бидете внимателни: појавата на ладна пот на челото без очигледна причина може да биде симптом на срцев удар. Кога миокардниот мускул е преоптоварен, телото се обидува да го контролира порастот на температурата и го отстранува вишокот течност, стеснувајќи ги крвните садови.

5. Болка во рацете и рамената

Болката во рацете и вратот не е секогаш знак за остеохондоза или замор: ако срцето работи испрекинато, артериите што го хранат мозокот и ‘рбетниот мозок се стеснуваат. Доаѓа до грчење, вкочанетост, болка во задниот дел на главата. Само специјалистички преглед или ултразвук може да ги препознаат првите знаци на болеста.

Срцевиот удар често се појавуваат кај жени постари од 45 години. Ризикот се зголемува во менопаузата, ако работите напорно и сте изложени на стресни ситуации.

За да спречите опасна ситуација, откажете се од лошите навики, внимавајте на тежината и холестеролот, задолжително спијте 8 часа. Тоа ќе го чува вашето срце.

Ќерката на Елвис Присли, Лиса Мари, примена во болница со симптоми на срцев удар

Почина Лиза Мари Присли, единствената ќерка на Елвис Присли

Почина Лиза Мари Присли, единствената ќерка на Елвис Присли

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот