Имери: Прекршочни за работодавачите кои не почитуваат решенија, работниците имаат право на приватна тужба (ВИДЕО)

Со цел примена на уредбите на Владата, трудовиот инспекторат изминатиов период направил над 7000 вонредни инспекциски контроли, информира раководителот на сектор, Амир Имери, во Скопски агол на „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

-На терен се соочуваме со разни проблеми. Има случаи кога на работниците им се откажуваат договорите за вработување. Во тој случај Трудовиот инспекторат донесува решение по утврдување на фактичката состојба и отстранување на недостатоците утврдени со записник. Во тој случај даваме рок за да се исправат недостатоците. Имаме враќање на работници, исплати на плата, вели Имери.

Што се однесува на почитувањето на правото на работниците да останат дома доколку се во ризична група од заболување со коронавирус, тој нагласува дека свеста кај работодавците е зголемена.

-Морам да кажам дека работодавците ги почитуваат препораките, и со тоа покажуваат зголемена свест, и работниците треба да бидат поодговорни. При инспекциски надзор, инспекторите се многу внимателни кога станува збор за одредбите донесени од Владата, со цел спречување на ширењето на Ковид 19. Главниот фокус е носење маски, користење средства за дезинфекција и држење дистанца. А, овие мерки се почитуваат, објаснува Имери.

Трудовиот инспекторат врши инспекција и на исплата на платите.

-Од 7.000 инспекциски контроли, донесени се 750 решенија да им се исплатат на работниците плати, во согласност со Закот за работни односи. Доколку не ги почитуваат решенијата следуваат прекршочни пријави против работодавачите, а работниците имаат право да поднесат и приватна тужба пред Основен суд, вели Имери.

Во однос на отпуштањата од работа, тој нагласува дека се трудат да нема масовни отпуштања.

-Гледаме да нема масивно отпуштање од работа. Кога гледаме дека има над 20 отпуштања одеднаш, гледаме дали е испочитувана формалната страна. Доколку не е, му наложуваме на работодавецот да ги врати работниците на работа, рече Имери.

Сите кои сакаат да пријават неправилност, тоа можат да го направат на веб странат на Трудовиот инспекторат, www.dit.gov.mk и [email protected]

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот