Именувањето на нови амбасадори е првиот тест за Хрватска

Одборот за надворешни работи е последна инстанца во ланецот на предлагање и потврдување на новите амбасадори.

Именувањето на нови амбасадори е прв тест на кохабитацијата меѓу хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и новоизбраниот претседател Зоран Милановиќ.

Опозициската СДП, која го кандидираше Милановиќ за претседател вчера се пожали дека не добиле информација оти од Владата до Парламентот било испратено барање за итно свикување на седница на Одборот за надворешна политика.

Од власта побарале Одборот во наредните 15 дена да одржи седница и да ги потврди имињата на предложените нови амбасадори. Но и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ да ги именува пред Милановиќ да стапи на должност.

Одборот за надворешни работи е последна инстанца во ланецот на предлагање и потврдување на новите амбасадор, а изборот е тајна и јавноста не може да присуствува на Одборот кога за тоа се одлучува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот