Има само 17 години и најавена клаузула од 400 милиони евра!

фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Во декември, кога суперталентираниот Ансу Фати (17) го продолжи договорот со Барселона до лето 2022 година, во договорот е ставена откупна клаузула од 170 милиони евра.

Имаа на „Камп Ноу“ шест месеци да размислат и сфатат дека би можел да им се повтори „случајот Нејмар“ (ПСЖ го купи за 220 милиони евра), па одлучија да ја подигнат границата „до небо“.

Последните денови се активираат преговорите со играчот за нов договор во кој би требало да се наоѓа и цената за негово евентуално заминување од Барса за неверојатни 400 милиони евра.

Според „Марка“, се очекува новиот договор да биде потпишан на последниот ден од октомври кога ќе фудбалерот ќе стане полнолетен.

Интернационалецот од Гвинеја Бисао е најмладиот стрелец во историјата на каталонската екипа, на само 16 години и 304 дена успеа да ја затресе противничката мрежа.

Во минатата сезона одигра вкупно 24 натпревари и реализираше седум голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот