Има простор за дискусија за намалување на примарниот суфицит на Грција

Стајкурас истакна дека Грција во последните седум месеци се враќа во нормала, се обновува кредибилитетот на земјата како во внатрешноста, така и надвор, а грчката влада спроведува реформи.

Продолжување со реформите и добар извештај во рамките на петтата оценка за земјата може да го отвори патот за дискусија за намалување на поставените цели за примарниот суфицит на Грција, порача европскиот комесар за економија Паоло Џентилони, по средбите со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и министерот за финансии на Грција, Христос Стајкурас, јави дописничката на МИА од Атина.

-Во текот на годината, наскоро и без одложување, очекуваме да ја почнеме дискусијата за намалување на целите во примарниот суфицит, почнувајќи од 2021 година. Мислам дека ова е нешто што е многу разумно и драго ми е што го препознавате тоа и сте подготвени да ја отвораме оваа дискусија, рече Мицотакис на почетокот на средбата со европскиот комесар.

-Верувам дека Европската комисија секако е поддржувач за отворањето на оваа дискусија. Одлуката ќе ја донесе Јурогруп, но мислам дека сѐ додека Грција го задржува овој моментум на реформи, имате многу позитивни економски податоци во целина, и мислам дека со оваа динамика, дискусијата за овие цели, би можела одново да се отвори и Комисијата ќе го поддржи тоа, рече Џентилони.

Европскиот комесар се сретна и со министерот за финансии на Грција, Христос Стајкурас, а по средбата рече дека земјата има свртено нова страница, но додаде „Грција се уште има голема инвестициска празнина, голем процент на „црвени” кредити, висок јавен долг” и затоа мора да ја задржи „силната реформска динамика”.

Стајкурас истакна дека Грција во последните седум месеци се враќа во нормала, се обновува кредибилитетот на земјата како во внатрешноста, така и надвор, а грчката влада спроведува реформи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот