Икарди е решението за проблемите во нападот на Јувентус

Мауро Икарди сезонава не добива премногу шанса да игра во ПСЖ/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Екипата на Јувентус игра катастрофално сезонава, уште сега отпадна од трката за титулата во Серија А, а како решение за големите проблеми со реализацијата се гледа во Мауро Икарди.

Вчерашниот натпревар против Венеција (1:1) кога дека Јувентус има проблеми со неефикасност на напаѓачите поради што управата планира да реагира во зимскиот преоден рок.

Според порталот „Футмеркато“, споругата и агент на играчот на ПСЖ, Мауро Икарди, Ванда Икарди, оваа недела имала состанок со претседателот на Јувенус, Андреа Ањели за да разговараат за евентуален трансфер во зимскиот преоден рок.

Икарди оваа сезона е во сенка на неприкосновеното трио на ПСЖ, Меси, Нејмар и Мбапе и ретко добива шанса да игра.

Според порталот, Јувентус ќе се обиде да го донесе Икарди на шестмесечна позајмица без задолжителен откуп на крајот од сезоната.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот