Играше за Барселона со Меси, а денес е партнер со Иниеста и продава велосипеди

Фото: EPA/ANTONIO COTRIM

Кога во 2007 година дебитира за првиот тим на Барселона, Бојан Кркиќ стана најмладиот играч кој заиграл за Каталонците, рушејќи го рекордот на Лионел Меси. Од Кркиќ се очекуваше многу и му се предвидуваше голема кариера, но денес 32-годишникот никогаш не го исполни својот потенцијал.

Со Барселона освои сѐ што може да се освои, а по заминувањето од „Камп Ноу“ играше за Рома, Милан Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавес, Монтрел и Висел Кобе, каде беше под договор сѐ до почетокот на овој месец, кога ја заврши кариерата.

Кркиќ пред неколку години призна дека тешко се носел со притисокот кој имал на почетокот од кариерата, а минатата година доживеа повреда од која никако не успеа да се опорави.

Од завршувањето на фудбалската кариера Кркиќ се посвети на бизнисот и сврти нова страница во својот живот. Во партнерство со поранешниот соиграч Андрес Иниеста отвори фирма „Гуава Спорт“ која произведува лускузни и скапо велосипеди за планинско возење. Бидејќи неодамна започнаа имаат само еден модел, но тој чини 7.000 евра.

„Кога влегов во овој проект знаев дека ќе почнам да се занимавам со велосипедизам. Тоа е добар начин да се комбинира спортот и дружењето. Наскоро би можел да учествувам на трки и мислам дека сум спремен. Секогаш сум го сакал тој спорт“, изјави Кркиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот