Играчите го кажаа своето, Џордан најдобар кошаркар во историјата, Харден МВП на сезоната

twitter/nba.com

Мајкл Џордан е најдобриот кошаркар во историјата на НБА лигата сметаат актуелните играчи. Околу 30 новинари направија анонимна анкета на 127 НБА кошаркари кои одговараа на интересни прашања.
За Џордан се одлучиле 73% проценти од анкетираните, а по него следат Леброн Џејмс со 11.9% и Коби Брајант со 10.6% од гласовите.

За титулата најкорисен играч сезонава во НБА главен фаворит е Џејмс Харден од Хјустон со 44.3% од гласовите, додека ѕвездата на Милвоки, Јанис Адетокумпо е втор со 38.9%, а Пол Џорџ е трет со 12.7%.
Кога станува збор за најдобрите дефанзивци, на прво место е Каваи Ленард од Торонто, а по него следат Пол Џорџ и Руди Гобер.

Интересни одговори даваа играчите на прашањето кој играч е најпреценет во лигата. По 17% од играчите сметаат дека Расел Вестбрук од Оклахома сити и Дрејмонд Грин од Голден стејт.
Највеќе кошаркари посакуваат да играат си Јанис Адетокумпо со кој би граделе тим за иднината, а најомилен тренер е Грег Попович.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот