Ига Швјонтек со убедлива победа стартуваше на „Вимблдон“

фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Тенисерката број еден во светот, Ига Швјонтек (Полска) со победа стартуваше на Вимблдон. Таа во мечот од првото коло ја совлада Лин Жу од Кина – 2:0 (6:1, 6:3).

Швјонтек нанижа пет гема со два брејка и стигна до висока предност од 5:0. Имаше и два сет-поени на сервис на кинеската тенисерка, не ги искористи, но затоа ја имаше третата на свој сервис за 6:1.

Во вториот сет видовме размена на брејкови во третиот и четвртиот гем пред Швјонтек да го направи клучниот во следниот петти гем за 3:2.

И таа позитива ја одржа до крајот на дуелот, користејќи ја првата меч топка во деветтиот гем за 6:3.

Во следното коло полската тенисерка ќе игра против победничката од мечот помеѓу Мартина Тревизан (Италија) и Сара Сорибес Тормо (Шпанија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот