ИФФХС: Струга Трим Лум е најдобриот фудбалски клуб од Македонија

фото: F.C. Struga

Меѓународниот институт за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) неодамна го објави рангирањето на најдобрите тимови до 30 септември.

На оваа ранг листа на врвот се наоѓа Манчестер сити со 304 бодови, оставајќи ги зад себе Реал Мадрид кој има 291 и милански Интер на третата позиција со 254.

Актуелниот шампион Струга Трим Лум на ова последно рангирање се позиционира на 251 место, како најдобар фудбалски клуб кој доаѓа од Македонија.

Струга Трим Лум моментно ја дели оваа позиција со добро познатиот арапски тим на Ал Наср, во чиј состав е и Кристијано Роналдо, додека зад сега има многу големи имиња на тимови, како Фулам, Гремио, Хетафе, Валенсија, Селта Виго, Удинезе итн.

Меѓу 400-те рангирани екипи, како втор најдобропласирана екипа од Македонија е тетовска Шкендија која се наоѓа на 396 позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот