Иџе гневен поради казните: Не можат да се помират дека сме брзи

Македонски автомобилист Игор Стефановски-Иџе е револтиран бидејќи не успеа да ја заврши трката на патеката во Имола во рамките на ТРЦ шампионатот. Тој притоа и на два пати беше казнет со пет секунди со што организаторите му ја ускратија можноста да се бори за едно од првите три места.

Тој прво беше казнет поради лошо позиционирање на стартот, а потоа и поради сударот со Бетера иако Иџе воопшто не беше виновен за инцидентот.

– Безвезен викендНе сакам да излезе дека се жалиме, но жената на стартот беше таа што ме намести како треба да тргнам, а потоа добив казна од пет секунди. Очигледно не може да се помират дека сме брзи. Не знам што да кажам, преку глава ми е. Потоа добив нова казна од пет секунди за удар при лизгање, а видете какво е времето, двајцата возачи излетавме… Не ми е јасно, не можат да се помират дека одиме напред декам сме брзи. Криво ми е што не ја искористивме шансата и не се дојдовме до подиум. Утре нека ми дадат и казни ако треба, ама некој ќе лета во трева, мора да дојдеме до подиумот – рече Игор Стефановски – Иџе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот